Македонија
6. December 2021 - 16:38

Груби – Предан: Словенија успешно ќе го заврши претседавањето со ЕУ за Северна Македонија

Спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот на средбата меѓу првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и амбасадорот на Република Словенија Милан Предан.

На средбата, како што соопштија од Министерството, била истакната потребата што поскоро да се одреди датум за разговори со Европската унија, бидејќи патот на Република Северна Македонија кон ЕУ е од посебна важност.

– На средбата беше истакнато дека двете земји имаат долга соработка меѓу нив и дека Северна Македонија во Словенија секогаш има искрен поддржувач како близок партнер и членка на НАТО, додека земјата заслужува датум за почеток на преговорите на почетокот на следната година, се вели во соопштението.

Груби и Предан разговарале за тоа како успешно да се заокружи словенечкото претседавање со Советот на Европската Унија за Република Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ во однос на одредување датум за првата меѓувладина конференција и започнување преговори во следните месеци.

Соговорниците разговарале и за стабилизирањето на парламентарното мнозинство и настапот на владината коалиција како позитивен развој во однос на кредибилитетот на спроведувањето на владината програма и стратешките цели.