Македонија
30. March 2017 - 16:18

Груби: Платформата беше услов за потписите

Истакнати албански професори го охрабруваат СДСМ да го осуди наводниот геноцид врз Албанците во Македонија во периодот од 1912-та до 1956-та.

Албанските историчари сметаат дека барањето за осуда на системското уништување на албанскиот народ од тој период е легитимно и во тоа нема ништо лошо..

„И ние побаравме од 1912 година, кога е направен невиден геноцид  кон Албанците да се вметне како барање и вистината да излезе на виделина„

Осудата за наводен геноцид е дел од Тиранската платформа што е основа на преговорите меѓу СДСМ и партиите од албанскиот блок.

Во ДУИ очекуваат дека со давањето потписи за соработка со социјалдемократите, Тие ќе ги прифатат сите точки од Албанската платформа..

„Ги дадовме потписите само со услов да ги исполнат точките на заедничката декларација и законот за употреба на јазиците.. За нас е важно да се одобри законот за јазиците, да се исполнат точките од платформата“

И вчера од ДУИ на собранскиа говорница потврдија дека платформата е прифатена додека СДСМ тврди дека постои само програма на идната влада.