Груби оствари средби со двајца американски конгресмени
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и пратеник Артан Груби во САД оствари средби со конгресмените Дејвид Прајс и Пит Висклоски.
Тој отворено и директно побарал помош за одблокирање на сите пречки што и стојат на Македонија на патот кон НАТО и посочил дека директниот придонес на САД е неопходен во овој процес.
На средбите со двајцата конгресмени, како што соопштија од Кабинетот на Груби, била потврдена поддршката од САД за Македонија и потребата за поголем ангажман на САД за Западен Балкан. Конгресмените се заложиле за конкретни чекори во Вашингтон во правец на евроатлантската интеграција на Македонија.
На средбата со конгресменот Прајс, кој е копретседавач на Партнерството за демократија на Американскиот конгрес, се разговарало за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и системските реформи што се спроведуваат, а Груби информирал и за преговорите за спорот со Грција при што ја побарал поддршката од САД за постигнување взаемно прифатливо решение.
На средбата со конгресменот Висклоски станало збор за предизвиците на Југоисточна Европа на патот кон ЕУ и НАТО, перспективите на Македонија во Алијансата и поддршката на САД за Македонија и земјите на Западен Балкан.
Претходно, Груби учествуваше на редовниот форум за геополитика на Балканот на кој присуствуваа и сенаторот Џејмс Инхоф и конгресмените Роберт Адерхолт и Роберт Питенгер.
Груби се сретна и со директорот на ИРИ за Европа, Јан Сурочак и со заменик-директорот Пол Мекарти од кои побара да ги интензивираат програмите во Македонија, особено во правец на градење реформски консензус и подигање на демократскиот капацитет на институциите.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот