Македонија
27. August 2021 - 14:47

Груби: Од 18 кандидати за градоначалници на ДУИ, 16 се апсолутни победници, за двајца ќе има победа во втор круг

На 4 септември ДУИ во Гостивар на централно претседателство ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници во 18 општини каде за локалните избори партијата ќе има свои кандидати, најави првиот вицепремиер и партсиски функционер Артан Груби.

Тој истакна дека е убеден за апсолутна победа во 16 од нив, а очекува победа во втор круг во општини како Брвеница, Студеничане и евентуално и Чашка.

-Ако ги следите јавните анкети на ИРИ, на ИФЕ, на МЦМС, гледате дека само ДУИ има раст во поддршката од страна на граѓаните и ние разговараме со нашиот коалициски партнер, за взаемна поддршка во вториот круг, на изборите. Но, јас сум убеден дека, во кој било случај ние со таа поддршка која ја имаме со реализација на сите овие проекти ќе ја добиеме поддршката од сите граѓани. Нам не ни е потребна коалиција како што и е потребна на опозицијата уште од прв круг, да направат еден спој, на невозможното, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива. Но сметам дека и тоа е добро за нив, го поздравуваме, ги поттикнуваме да соработуваат што е можно повеќе, затоа што само на тој начин, ќе успеат, некако да се доближат до ДУИ, но нема да успет да ги добијат изборите, во сите тие општини, рече Груби од Тетово.

Тој рече дека анкетите покажуваат огромна предност за дел од нивните кандидати.

-Сите сме зад Теута Арифи, и ќе бидеме заедно со неа на 18 октомври, и заедно со тетовчани, затоа што тетовчани ја сакаат Теута, и ќе ја продолжи целосно успешната прказна за Тетово за тетовчани. По сите анкети во Кичево и не само таму и во Тетово, Гостивар, Сарај, во сите општини Фатмир Дехари е апсолутен фаворит, значи разликата е 40 проценти на 1 отсто, разликата е огромна. Така што нема двоумење дека Фатмир Дехари на 17 октомври повторно ќе биде градоначалник на Кичево, рече Груби.

 Лидерот на ДУИ Али Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателката на огранокот во Кичево, како и други функционери вчера застанаа зад кандидатурата на актуелниот кичевски градоначалник Дехари.