Македонија
11. August 2021 - 12:22

Груби: Не ја разбирам масовната хистерија по социјалните мрежи, настанот ќе се одржи по сите протоколи

Првиот вицепремиер Артан Груби по силните реакции поради најавената прослава за рамковниот договор на која ќе присуствуваат 300 гости во затворен простор на два дена пред почетокот на важењето на новите мерки вели дека целиот настан ќе биде организиран по протоколи.

„Централниот настан во Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои што ќе носат маски, ќе бидат повеќе од 1.5 метар разделечени, ќе им се мери температура пред влезот, па затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи, се надевам дека не се донесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина загриженост. Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден беше огромен концерт на плоштадот Мкаедонија вечерта на 13-ти Август но решивме ние како министерство да го одложиме, да не го одржиме“, кажа Груби.