Груби: Има пратеници кои сакаат да гласаат за уставните промени и за тоа треба да се разговара
Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.
– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија.
И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има.
За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот, напомена Груби во одговорот на новинарско пршање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација