Груби: Евроатлантската интеграција е неопходна и без алтернатива
Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД Артан Груби денеска во Вашингтон се сретна в.д. заменик-помошникот државен секретар Сусан Фалатко која раководи со канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт Департментот.
Соговорниците, како што информира ДУИ, разговараа за процесот на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот договор, евроатлантските интеграции на земјата, билатералните односи со САД, системските реформи, владеењето на правото и помирувањето.
Груби, како што се наведува, им се заблагодари на САД за големата поддршка за Македонија и регионот во изградбата на демократските капацитети и нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, која е неопходна и без алтернатива.
Фалатко ја изразила поддршка на САД за Преспанскиот договор и за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија, како и нашите напори за успешно заокружување на овој процес.
Груби го посетил и американскиот Сенат каде заедно со конгресмени и сенатори и колеги од 80 држави, учествуваше на 12-от Парламентарен форум на безбедноста за разузнавање на кој се дискутираше за борбата против тероризмот и надзорот над агенциите за разузнавање и контраразузнавање. Груби се потпишал и во книгата на жалост за покојниот претседател на САД, Џорџ Буш.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата