Живот
22. November 2018 - 14:55

Грозоморно убиство го потресе арапскиот свет: Го убила мажот, го исекла на парчиња и го блендирала - па им го послужила на работниците со ориз!

Неименувана Мароканка го убила мажот во нивниот дом во Емиртатите, во градот Ал Аин, а наводно го извршила зошто дознала дека тој по седум години врска, планирал да се ожени со друга жена.

Го исекла неговото тело, и го сомлела со миксер. Потоа неговите остатоци им ги послужила на работниците по потекло од Пакистан.

Никој од нив не забележал ништо чудно, а полицијата почнала да се сомнева откако братот на несреќниот маж го пријавил неговотоо исчезнување.

Она што ја разоткрило е заб кој полицајците го пронашле во миксерот, а со ДНК анализа е потврдено дека припаѓал на несреќното момче, па ја уапсиле.

Во полиција рекла дека ја фатило „момент на лудило“, а злосторството го извршила од одмазда зошто момчето со години го издржувала.