Македонија
15. јуни 2017 - 12:56

Грозоморно убиство: 38 годишен скопјанец пронајден во стан заврзан со кабли приклучени на струја

 
Триесет и осум годишен скопјанец е пронајден убиен во сопствениот дом утринава.
 
Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош утринава околу 9 часот и 15 минути, а телото на починатиот било пронајдено во неговиот дом на улицата „Бутелска“, обвиткано со кабли приклучени во струја и облеано со крв.
 
Телото на убиениот е пренесено на обдукција, а полицијата презема мерки за расветлување на случајот.