Грозоморна исповед: Ме принудија на орален секс и сакаа жив да ме закопаат
Младо момче од Србија беше киднапирано и преживеало вистински хорор.
По 6 месеци од распишаната потерница, пред два дена се уапсени 20 годишните Ј.М и Н.К. од Крагиевац, кои на 17-годишниот Џ.М. му го претвориле животот во пекол, пишува Блиц.
Момчето ја раскажува грозоморната приказна која засекогаш му го промени животот.
-Во дворот на училиштето играв баскет. Бев таму до 10 навечер. Бевме неколку момчиња и неколку девојчиња. Го донесов и кучето да го прошетам. Одеднаш тие момци дојдоа со автомобил и ме побараа по име. Не ги познавав. Реков дека тоа сум јас. Извадија палки и почнаа да ме тепаат. Потоа ме турнаа во гепек и ме возеа низ градот. Застануваа неколку пати за да ме мачат. Беше околу два часот по полноќ кога се паркираа во еден парк. Ме претепаа, ме пцуеа, раскажува момчето.
Звучи грозоморно, но неговата приказна не завршува тука.
-Ми ги соблекоа гаќите и ме принудуваа на орален секс. Тоа не сакав да го направам, па уште еднаш ме претепаа. Потоа мокреа врз мене. Ги слушав, се договараа да одат на гробишта и да ме закопаат жив. Тогаш се појавија две момчиња и ме однесоа близу до мојата куќа. Ми го скршија носот, имав потрес на мозок и пукнати коски на лицето. Од тогаш само три пати излегов од дома, раскажува потресено Џ.М.
Се претпоставува дека мотив за киднапирањето и изживувањето врз овој малолетник е расправија околу девојка. Мајката на малтретираното момче вели дека со месеци цело семејство живее во неиздржлив страв.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас