Loading Video...
Македонија
12. August 2020 - 16:45

Грозданова: Малку се знае за руската вакцина - за нејзина примена прво ќе требаат ригорозни тестови

Нема основа за  еуфорија по објавата на Путин дека Русија има вакцина против Ковид, сметаат македонските научници.  Професорката Грозданова, иако не се сомнева во руската наука,  вели дека многу малку се знае за оваа вакцина, низ кои фази на испитувања поминала и дали е безбедна. Препаратот се уште не ги поминал ни филтите на Светската здравствена организација .

Вакцината која ќе влезе на македонскиот пазар ќе мора да помине ригорозен процес на проверка, посочува професорката. Препаратот ќе мора да ги помине сите клучни меѓународни и независни контроли, како што е европската медицинска агенција или американската агенција за храна и безбедност. Македонија е вклучена во  Ковакс механизамот со кој треба да се обезбеди пристап до безбедни и ефективни вакцини, вели престедателката на Комитетот за имунизација.

Вкупно 20 земји Латинска Америка, Блискиот исток и Азија направија нарачки на руската вакцина. Во подготовка се уште двесетина вакцини во светски рамки, од кои дестина се во 4-та фаза. Оксфордската вакцина е веќе дадена на 30.000 доброволци , а во последна фаза е и препаратот на  компанијата Модерна во партнерство со САД, кој е на проверка врз 50 000 волонтери.