Балкан
9. јуни 2017 - 9:55

Гром запали куќа: Мештаните исплашени, се стресе цело село

Силно невреме и вчера беснееше во Србија, а гром запали три објекти во селото Роанда. Откако удрил гром, најпрво се запалил објект за сено, потоа пожарот се проширил на штала и гаража.

За среќа во пожарот нема повредени лица, направена е само материјална штета, а за среќа немало ни добиток во шталата.

Објектите се во сопственост на Драголуб Кукиќ кој инаку живее во Франција.

Според податоците на медиумите, громот бил толку силен што, како што велат "се стресе цело село'. Во други домаќинства настрадале домашни апарати.