-->
-->
Гром удри во врвот на Ајфеловата кула: Несекојдневна глетка на небото над Париз
-->
Ајфеловата кула во Париз беше погодена од гром кој донесе обилен дожд.
Камерата на париската метеоролошка веб страница го фати моментот во кој громот пред два дена ја погодува кулата. На фотографијата се гледа ако громот удира во врвот на познатата градба.
Ударот од громот го забележа и фотографот Бертранд Кулик, а фотографијата е објавена на сајтот „Рамбл“.
-Беше тоа електричен ден, времето беше апокалиптично. Бев во својот стан и прозорот беше отворен. Кога почна олујата, го фатив својот апарат во надеж дека ќе фатам барем дел од молњите, кажа Кулик.
Тој додаде и дека ветерот и дождот биле толку силни што се чувствувал како да се наоѓа во средиште на олуја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1