Свет
8. February 2020 - 20:36

Гром уби четири горили од загрозен вид

Четири ретки планински горили угинаа како резултат на удар на гром во Уганда.

Три возрасни женки и еден мажјак биле пронајдени во националниот парк Мгахинга, а на нивните тела се забележани сериозни повреди, што укажува на удар на гром, јави Би-Би-Си. Една од женките очекувала младенче.

Четирите настрадани животни биле дел од седумнаесетчлена група, што локалните организации ја нарекуваат семејството Хирва.

Се проценува дека има нешто повеќе од илјада планински горили, и тие се сметаат за загрозен вид.