Македонија
5. July 2019 - 10:04

Гром синоќа запали куќа во Македонска Каменица

Вчера во 21.30 часот било пријавено дека во с.Косевица, Македонска Каменица, од удар од гром настaнал пожар во куќата сопственост на Р.Н..

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица.

Увид ќе се врши во текот на денот.