Гркинка на 67-годишна возраст и роди бебе на својата ќерка
Гркинка роди здраво девојче на 67-годишна возраст, но детето и припаѓа на нејзината ќерка, објави грчкиот весник „Етнос".
Девојчето е родено со „царски рез“ во 31-та седмица од бременоста, тежи нешто повеќе од еден килограм и моментно е во инкубатор. Лекарите соопштија дека и новороденчето и жената се добро.
Ќерката и зетот на родилката во минатото имале неколку неуспешни обиди за вештачко забременување и по консултација со лекари специјалисти, се решиле за сурогат мајка. Старицата прифатила и ембриотрансферот е направен во мај годинава по одлука на суд.
Овој е прв ваков случај во историјата поради две одлики. Прво, поради тоа што сурогат мајката е и баба на бебето и второ, таа е највозрасната сурогат мајка, откако ги надмина досегашните рекордерки - 61-годишна жителка на Чикаго и 57-годишна Англичанка.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје