Македонија
31. March 2023 - 16:11

Грк пронајден починат во стан во Карпош

На 30.03.2023 околу 11.55 часот во Полициска станица Карпош, И.С. од Скопје пријавил дека во стан на подрачје на Карпош, го пронашол неговиот колега А.Т.(60) од Р.Грција, кој престојувал во станот, паднат на подот без знаци на живот.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.