Македонија
23. August 2019 - 20:48

Грк претепал македонски полицаец во Неготино

Грк претепал македонски полицаец на автопатот Велес-Неготино, откако направил сообраќаен прекршок.
 
На 18.08.2019 во 08:30 часот на автопатот Велес-Неготино, кај с.Црвени Брегови, откако направил сообраќаен прекршок, С.К.(44) од Грција физички нападнал полициски службеник.
 
Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.
 
Исто така на 18.08.2019 околу 05.15 часот во СВР Скопје, М.П. (27) од Скопје пријавил дека физички бил нападнат од Р.А.(49) од Скопје.
 
М.П. кој бил под дејство на алкохол, почнал агресивно да се однесува кон полицискиот службеник, по што бил приведен, а потоа бил пренесен на Клиниката за токсикологија.