Македонија
19. August 2019 - 18:13

Грк нападна сообраќаен полицаец на автопатот Велес - Неготино

Вчера утро во 08.30 часот на автопатот Велес-Неготино, кај с.Црвени Брегови, откако направил сообраќаен прекршок, С.К.(44) од Грција физички нападнал полициски службеник.

Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.