Фудбал
16. March 2017 - 12:02

Гризман: Не одигравме добро ама ја остваривме целта

Антоан Гризман најдобриот играч на Атлетико Мадрид е среќен поради пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но не е задоволен како тимот одиграл во реваншот против Баер Леверкузен.
 
Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен одиграа без голови во осминафиналниот реванш, а „јорганџиите“ одат понатаму поради победата 4:2 во првиот меч кој се одигра во Германија.
 
„Имавме шанси за голови, но немавме среќа. Не ни беше во плановите да напаѓаме како лудаци. Го изборивме она што го сакавме и поради тоа сме среќни. Најважно е дека сме во четвртфиналето, веќе се насочивме кон наредниот меч“, рекол Гризман, кој во второто полувреме не реализира две добри шанси за постигнување на гол.
 
Свои прилики имаше и Баер, но на голот на Атлетико блескаше Облак. Можностите да постигнат гол Германците ги пропуштија во еден напад, кога во нецела минута Јан Облак четири пати брилијантно интервенираше.
 
„Тој е најдобриот голман во светот“, рекол Гризман.
 
Францускиот репрезентативец рекол дека нема посебна желба за противник во четвртфиналето.
 
„Неважно е кого ќе добиеме. Доколку сакаме да се пласираме во финалето мораме секого да победиме“.
 
Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите ќе бидат извлечени во петок.