Македонија
27. January 2023 - 12:23

Грипот зема замав во Охрид

Грипот се враќа на голема врата секојдневно расте бројот на заболени во Охрид . Преку 70 пациенти дневно имаат на преглед матичните лекари, а пикот велат се уште не е  достигнат.Симптомите кои најчесто се јавуваат кај пациентите се силна болка во грлото,омалаксаност и висока температута ги има кај сите возрасти а напогодени се децата.

Матичните лекари посочуваат дека разликата меѓу сегашниот грип и короната е што истиот не предизвикува бронхопневмонии, но подолго трае, ама без хоспитализации.

Вирусот интензивно се шири меѓу населението, а пикот се очекува да биде кон средината на февруари. Лекарите препорачуваат граѓаните повеќе да внимаваат, да пијат витамини и да јадат овошје и зеленчук но и ништо да не преземаат на своја рака без консултации со лекар, особено да не пијат антибиотици.