Македонија
8. December 2019 - 16:29

Грипот пристигна, а бесплатните вакцини не беа доволни за сите заинтересирани - нови дози следната недела

Грипот почна да се шири. Според податоците од Институтот за јавно здравје минатата недела регистрирани се 109 заболени. Најмногу случаи има пријавено во Скопје. Оваа сезона од примероците земени за анализа се уште лаборатоириски не е изолиран вирусот, но во Европа циркулира грип од типот А и Б. Епидемиолозите потенцираат дека најдобра заштита е вакцинацијата. Во меѓувреме првично обезбедените бесплатни 28.000 дози за децата и останатите ризични групи се потрошија, а дополнителната донација во земјава треба да стигне идната недела.

-Очекуваме дополнителни дози бесплатни вакцини, тие се наменети пред се за здравствените работници, но и за останатите ризични групи, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Минатата сезона според епидемиолозите беше тешка. 29 лица починаа од компликации од грип, а над 20.000 граѓани беа болни.