Балкан
9. May 2017 - 12:53

Гриндеану со порака по повод 140-годишнината од независноста на Романија и Денот на победата

Верувам во идејата за Европа на сите, во европска Романија, посочува романскиот премиер Сорин Гриндеану во пораката по повод 9 мај, јави агенцијата Аџерпрес.

Гриндеану во својата порака забележува дека во текот на 10-те години членство на Романија во ЕУ „Романците направија важни чекори кон трансформација на оштеството во корист на граѓаните“.

„Денеска одбележуваме три фундаментални историски настани - 140 години од прогласување на независноста на Романија, Денот на Европа и Денот на победата на коалицијата на обединетите нации во Втората светска војна“, посочува романскиот премиер.

Во својата порака Гриндеану го потенцира значењето на секоја од годишнините одделно и посочува дека Романија верува во европскиот проект и презема конструктивна улога во него.