„Грин деј“ ограбува банка во новиот спот
Познатото панк трио, по непланираната четиригодишна пауза, се враќа на големата врата. Во новиот спот „Грин деј“ се претворија во маскирани ограбувачи, кои сакаат да влезат во банка.
Синглот Bang Bang доаѓа од албумот Revolution Radio, кој излегува на 7 октомври. Режисер на спотот е Тим Армстронг, а музичарите се во улога на ограбувачи на банки.
Тие имаат гумени маски, па изгледаат како опасна верзија на членовите на бендот. Во меѓувреме, вистински бенд свири на домашни забави и изведува нова песна.
Додека „Грин деј“ е преокупиран со забавување на гостите на забавата, дознаваме дека криминалците всушност се деца.
Били Џо Армстгронг откри за „Ролинг стоун“ дека песната е напишана од аголот на масовен убиец.
- Се случува насилство, но сето тоа се следи и сите сме под надзор на (социјалните мрежи). За мене тоа е толку чудно, рече фронтменот на групата „Грин деј“ објаснувајќи како песната настанала.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората