Loading Video...
Свет
11. December 2019 - 19:34

Грета Тунберг е избрана за личност на годината

Младата активистка против климатските промени Грета Тумберг е личност на годината според Тајм. Според Магазинот политиката на климатското дејствување е сложена, колку што е сложена и самата појава. Таа понуди јасен морален повик до оние кои се подготвени да дејствуваат и ги засрами оние кои не се подготвени да го сторат тоа, пишува магазинот. Тунберг, која наскоро ќе полни 17 години на почетокот на годината почна сама да протестира секој петок пред шведскиот парламент, а потоа и се приклучија  нејзините врсници.  Протестите со предупредување за влијанието на климатсдките промени се проширија  во повеќе земји.