Бизнис
6. October 2017 - 19:42

Грејната сезона утре нема да почне за сите - македонски шуми ќе испорачува огревно дрво до 1. ноември

Утре почнува грејната сезона но, само за оние што се грејат на парно. Голем број на граѓани сеуште ја чекаат испораката на огревно дрво од Македонски шуми. Оттаму уверуваат дека сите количини ќе бидат навреме доставени до домаќинствата.. Но сепак оние кои први уплатиле се приоритет и  ќе ги добијат дрвата до предвидениот рок кој истекува на 15 ти октомври.  Граѓаните кои направиле уплата подоцна,  ќе ги добијат дрвата  до 1ви ноември.

Тоински Тонски Жарко Анастасијески Помошник директор по механизација Македонски шуми

Опожареното дрво  не се става во промет и се почитуваат насоките од ресорното министерство уверува Анастасијески. Се помал е и бројот на дивокрадците.

Тонски Жарко Анастасијески Помошник директор по механизација Македонски шуми

Со јавниот повик претпријатието продало над 302 000 кубика. Останати за испорака се близу 41 000 кубици. Еден кубик бука во  Македонски шуми  е 2370 денари а  дабот чини 2450 денари.

Во приватните складови цената е повисока а со намалувањето на температурите се очекува да достигне 4000 денари по кубик за дабово и буково дрво.

Околу 130 000 домаќинства во земјава се грејат со овој енергенс.