Балкан
22. March 2017 - 13:21

Грците повлекле четири милијарди евра од банките за два и пол месеци

Околу четири милијарди евра повлекле Грците од банките само за првите два и пол месеци од оваа година, објави весникот „Вима“.

Банкарите се загрижени дека забавувањето на процесот на оценка на условите за исплата на нова транша од помошта за Грција, може да има последици врз ликвидноста на грчкиот банкарски систем.

Грчките банки забележуваат дека од почетокот на годината банкарските влогови се намалуваат, при што на тој начин станува уште потешко банките да ја постигнат целта за да ги зголемат депозитите на фирмите и домаќинствата за десет милијарди евра во текот на оваа година, додава весникот.