Балкан
11. May 2021 - 10:34

Грција загрижена за инцидентите во Ерусалим, апелира да се избегне употреба на сила

Грција ја изразува нејзината длабока загриженост за насилните инциденти во Ерусалим во изминатите денови, соопштуваат од  грчкото МНР и ги повикуваат инволвираните страни да избегнат употреба на сила, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција упатува апел до сите страна да се воздржат од употреба на сила, што може да доведе до ескалација, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.