Балкан
12. November 2017 - 10:18

Грција: Уапсен криумчар со 90 мигранти во камион

Грчката полиција уапси грчки државјанин, во близина на Солун, кој шверцувал 90 мигранти во камион. Во петокот утрото, полицијата го уапси 55-годишен возач на камион.

Меѓу мигрантите има 21 малолетник, соопшти полицијата. Над 60 од нив се од Ирак, додека останатите се од Еритреја, Етиопија, Конго и Иран.

Мигрантите пристигнале од Турција, а секој од нив платил 1.800 евра за да биде префрлен во Атина, соопшти полицијата.

Во друг случај, грчката полиција во близина на границата со Турција уапси 39-годишен Сириец, кој превезувал 10 мигранти - девет Сиријци и еден Ирачанец.