Фудбал
2. November 2018 - 13:15

Грција, Србија, Бугарија и Романија со заедничка кандидатура за домаќини на Мундијалот 2030

Грција, Србија, Бугарија и Романија најверојатно ќе се кандидираат за домаќини на Светското фудбалско првенство во 2030 година. 

 
Како што пренесуваат грчките медиуми, на денешаната средба на овие четири земји во Варна, предлогот дошол од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов, иако претходно грчкиот премиер Алексис Ципрас, веќе ја пласирал оваа информација како идеја на српскиот претседател Александар Вучиќ.  

Идејата е овие четири земји да поднесат заедничка кандидатура за Мундијалот во 2030 година. 

Но, јасно е дека конкуренцијата ќе биде голема, бидејќи, досега најава за заедничка кандидатува имаат јужноамериканските земји, Аргентина, парагвај и Уругвај, како и африканските Алжир, Тунис и Мароко. 

 
Сепак, добрите познавачи на приликите во ФИФА, најголеми шанси и даваат на европската кандидатува зад која застанаа Англија, Велс, Северна Ирска и Шкотска, а најава за поддршка на истата доаѓа и од Република Ирска.