Бизнис
8. December 2016 - 9:06

Грција собра 1,625 милијарди евра од трговијата со обврзници

Грција соопшти дека собрала 1,625 милијарди евра од трговија со државни обврзници, пишува весникот „Натемборики“.

Обврзниците биле со рок на доспевање од 26 недели и со приход од 2,97 отсто. 

Според агенцијата за управување на долгот побарувачката ја надминала понудата за еден и пол пати.