Балкан
2. January 2017 - 8:35

Грција со осуда за терористичкиот напад во Истанбул

Грчкиот прмеиер Алексис Ципрас упати сочувство до семејствата на жртвите од терористичкиот напад во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 39 луѓе, нагласувајќи дека соработката мора да се зајакне во 2017 година за да биде тоа година на мир и безбедност.

И грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изразил сочувство до турскиот народ. 

 

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека напаѓачот од Истанбул не бил во облека на Дедо Мраз. Со тоа негираше наводи на медиуми дека носел таква облека, а на најновите инсерти во турски медиуми се гледа дека бил облечен во црна облека.

Турските власти се во потрага по напаѓачот. Речиси две третини од напаѓачите во ноќниот клуб во Истанбул се странски државјани, јави Анадолија. Според тој медиум, 24 од 39 жртви се од странски држави.