Балкан
24. August 2015 - 8:40

Грција со очекувања за 3,2 милијарди евра од туризмот

Грција се очекува да инкасира во септември од туризмот 3,2 милијарди евра, објави Катимерини.

Весникот коментира дека одлуката на премиерот Алексис Ципрас да побара предвремени избори следниот месец одново доаѓа во критичен момент за државата бидејќи во следните два месеца туристичкиот сектор ќе и донесе на Грција 3,2 милијарди евра од речиси 5,5 милиони странски туристи.

Претседателот на Асоцијацијата на грчките туристички агенции Андреас Андреадис смета дека туризмот ќе го издржи и тој нов предизвик што претстои.