Балкан
23. July 2016 - 9:16

Грција: Со новиот закон ќе гласаат граѓани со 17 години

Грчките пратеници вчера изгласаа измени во Изборниот закон, со кои граѓаните  стекнуваат право на глас со 17 години.
 
Законот ќе стапи во сила на следните избори предвидени за 2019 година.
 
Истовремено, пратениците усвоија и уште една измена во Законот со која е укинато на победничката партија да и се додадат 50 места во Парламентот.
 
Партиите од владејачката коалиција, левичарската Сириза на премиерот Алексис Ципрас и десничарите Независни Грци гласаа за измените како и Комунистичката партија и партии од центарот, јави Танјуг.