Балкан
19. March 2016 - 16:36

Грција се подготвува за имплементација на договорот ЕУ-Турција за бегалците

Грчките власти денеска предупредија дека договорот за надминување на мигранстката криза, што вчера во Брисел го постигнаа ЕУ и Турција, мора да се имплементира постепено, бидејќи се уште треба да се прецизираат некои детали од него.

Како што јавуваат грчките медиуми, извори во Владата во Атина оценуваат дека се уште е нејасно како Грција ќе ги враќа во Турција новите илегални имигранти, што ќе влезат во земјата од турска територија.

Грчкиот заменик-министер за внатрешни работи Јанис Балафас изјави дека за планираната проверка по забрзана постапка на имигрантите кои ќе пристигнуваат на грчките острови, ќе биде потребен дополнителен персонал, за што Атина очекува помош од Европската унија.

Во врска се импелемнтацијата на договорот, што треба да започне од утре, денеска се одржаа и неколку средби на грчкиот премиер Алекис Ципрас со владини министи и раководители на државни служби поврзани со мигрантската криза.