Бизнис
20. May 2017 - 13:11

Грција се надева на уште една рекордна година за туризмот

ДПА - Хамбург

Рекордниот број туристички посети во 2016 година не беа доволни за да ги компензираат проблемите и економските мерки во Грција, но сигурно позитивно влијаеле во земјата. Со доаѓањето на активната туристичка сезона, годинава овој сектор смета на уште подобра година.
Туристичката сезона на старото пристаниште на островот Скопелос крај источното крајбрежје на Грција започнува како и секогаш – спокојно.

Посетителите можат да си изберат таверна, да си заземат слободни места на сонце и да гледаат како рибарските бротчиња лесно се нишаат на водата, а насмеан келнер им послужува цаѕики.

Истата сцена би изгледала поинаку само по неколку седмици, кога ќе пристигне бранот од туристи – рестораните се полни и персоналот лета од една нетрпелива маса кон друга.

- Колку повеќе, толку подобро, велат луѓето кои нудат соби, пијалаци, храна, масажи, леѓалки, чадори за сонце, тетоважи кои траат три недели и куп други стоки и услуги.

Се надеваат толпите туристи и нивните пари да бидат противотровот за финансиската криза и годините затегнат буџет на владата. Знаат дека ќе биде потербно повеќе од една одлична година за да се вратат повторно каде биле пред кризата.

Откако минатата година беше забележан нов рекорд од 27,5 милиони гости, за годинава Грција се надева тој број да достигне до 30 милиони.

- Ќе видиме. Спокојно, спокојно, вели Ригас Грипиотис. Тој не сака да ја урекне ситуацијата, но насмевката на лицето на младиот готвач го издава неговиот оптимизам. Скопелос не е Миконос или Санторини, каде секогаш се случуваат многу нешта, вели тој објаснувајќи ја својата резервираност.

Многу турсити всушност ја претпочитаат поспокојната атмосфера на островите Споради, а Ригас и неговите тројца браќа признаваат дека се надеваат на одлично лето, откако инвестирале во реновирањето на нивната крајбрежна таверна.

На другиот крај на Грција, во рибарското селце Толо на полуостровот Пелопонез, Димитрис Скалидис сосема отворени изразува оптимизам за перспективите на трите хотели кои тој ги раководи.

- Веќе неколку децении сме во најголемиот бум во туризмот, вели тој. „Скоро целосно сме букирани и веќе правиме резервации и за 2018 година“, дополнува Скалидис.

Управителот на хотел Кристос Пилатакис, исто изразува оптимизам на островот Родос во југоисточниот дел од Егејското Море. „Дури и во нашето село Линдос, 60 проценти од собите се резервирани до крајот на ноември“, дополнува тој.

Германските туристи, кои трошат доста, годинава повторно се привлечени од Грција – нивниот број можеби и ќе се утрои од еден милион во 2015 година, велат од министерството за туризам. Грција се котира добро и меѓу високоценетите француски, британски и австриски туристи.

Постојат многу причини за тој процут на туризмот, а не на последно место е небезбедноста во Турција и Египет – две доста популарни дестинации во последниве 15 години.

Веќе потсмирената и заглавена во долгови Грција, во која често имаше демонстрации и штрајкови, кои влијаеа на туристите затоа што границите беа блокирани, а сопираа и ферибродите и музеите беа затворани.

- Не сме имале големи штрајкови од 2015 година, и не сме имале терористички напади, така што луѓето се чувствуваат безбедно тука, објаснува Димитрис Скалидис.

Освен тоа, благодарејќи на договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците и мигрантите од 2016 година, приливот на луѓе кон егејските острови е сведен скоро на нула.

Последиците од мигранстаката криза се уште ги засегаат островите во форма на мизерни бегалски кампови – повеќето на Лезбос и Иос, но тоа не влијае на патувањата кон мноштвото други грчки дестинации. Со очекуваниот раст на бројот на германски туристи, Грција која беше на работ на банкрот, се надева приходите исто да пораснат за разлика од 2016 година.

И покрај рекордниот број туристи, приходите од 13 милијарди евра всушност беа за 6,5 проценти помали отколку во 2015 година, главно заради зголемениот број на туристи од земјите надвор од ЕУ кои трошат помалку.

Официјалните проценки за 2017 година можат да бидат основа за силен оптимизам: според прогнозата на владата, се очекува приходите годинава да пораснат за околу 50 проценти.