Балкан
8. February 2017 - 19:03

Грција: Пожарникари при штрајк упаднале во подрум на Министерство

Во центарот на Атина денеска избија судири за време на протестите на 1.000 пожарникари во целосна спасувачка опрема, откако биле спречени да влезат во Министерството на административна реконструкција, јави АНА.

Откако не успеале да влезат во Министерството, група на пожарникари скршила прозорец во приземјето и сега се наоѓаат во подрумот на Министерството, барајќи состанок со министерката Олга Геровасили. 

Пожарникарите кои потпишаа петгодишен договор во 2012 година, започнаа штрајк на повеќе места во Грција, барајќи или постојано вработување или обновување на договорот што им истекува утре.