Loading Video...
Свет
13. August 2019 - 19:31

Грција повторно гори, пожар избувна на Тасос

Пожар избувна  и на грчкиот остров Тасос, една од најпосетуваните туристички дестинации, пишуваат грчките медиуми. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот.

56 пожарникари со 25 противпожарни возила работат на гаснење на пожарот. Засега ниту едно населено место не е погодено од пожарот,

Во Грција, во моментот активни се се четири пожари. Најголема  огнена стихија има  на островот Евија, а чадот стигнал дури до Атина. Таму пак гаснењето на пожарот се одвива отежнато поради неприустапниот терен, а жителите од неколку села се предупредени дека ќе треба да ги напуштат своите домови. Активен пожар има и  во близина на градот Тива. Тој во близина на Атина  од неделата е делумно локализиран, соопштија надлежните.