Грција поделена на три зони на ризик од Ковид-19
Грчката влада со посебна подготовка за туристичката сезона оваа година. Земјата е поделена на три зони на ризик врз основа на достапноста на здравствените установи и капацитетите за тестирање и лечење од вирусот Ковид-19.
Трите зони на ризик од Ковид-19 се следни:
Зона А е зоната со низок ризик:
Ги опфаќа копнените делови од Грција и островот Крит каде постои развиен здравствен систем и од сите дестинации има лесен пристап до здравствени установи – истите се оддалечени максимално два часа со брод или автомобил. На оваа зона припаѓаат и островот Евија и островите Егина, Порос, Агистри, Хидра и Спецес (најблиски до Атина).
Тука се секако вклучени летувалиштата на Халкидики и областа Пиериа.
Зона Б е зона со умерен ризик:
Ги опфаќа островите Санторини, Парос и Родос како и Североисточните Егејски острови (Хиос, Самос, Икариа, Лимнос, Лезбос).
Зона Ц е зона со висок ризик:
Островите и дестинациите кои имаат само основна здравствена инфраструктура или ја немаат воопшто. На овие дестинации Ковид-19 ќе се санира со помош на пловечки медицински единици организирани од Националната организација за јавно здравје.
Во меѓувреме, Националниот центар за итна помош, почна со спроведување на својот акционен план за островите нарачен S.A.F.E., чија цел е да се осигура подготвеност на болниците, здравствените домови, регионалните и островски клиники, крајбрежната стража. Властите обезбедуваат обука на сите здравствени работници за корона вирусот.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана