Loading Video...
Балкан
12. January 2021 - 17:23

Грција побара зелен пасош, Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани, од четврток и во Србија без ПЦР тест

Грчкиот премиер Мицотакис со писмо до Европската комисија побара да се воведе вакцинален пасош во земјите на ЕУ со цел да се врати слободното движење во рамките на Унијата.  Ваквиот документ допрва ке треба да се усогласува  меѓу членки. Се очекува за грчкиот предлог лидерите на Унијата да расправаат видео-конференцијата која ке се одржи на 21 јануари .

Во исто време додека Европа размислува за  здравствениот пасош. Балканот почна да ги отвара границите без рестриктивни мерки. Така, македонските граѓани од денска ќе можат да влезат во Црна Гора без ПЦР тест, а од четврток и во Србија. Ова го потврди на својот ФБ и премиерот Заев, кој напиша дека во телефонски разговор со Брнабик е договорено од 14 јануари да се укине задолжителниот негативен тест за влез во Србија, со што ке се врати реципроцитетот во односите мегу двете земји. Црногорските власти пак се надеваат дека ке го поттикнат туризмот и економијата во земјата со најновата мерка.  

Досега македонските државјани без Ковид тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави влезот во Бугарија е дозволен  само со ПЦР, а грчката граница е затворена од почетокот на пандемијата на Ковид-19. И Турција од декемрври воведе негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за сите странски државјани кои ќе влезат во земјата, додека за транзит тест не е потребен. Македонија и натаму не бара тест за влез на границите. Владата на 6 октомври лани донесе одлука државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без ПЦР.