Балкан
5. July 2020 - 12:22

Грција од утре ги затвора границите за српските туристи

Од утре во 6 часот, Грција повторно ги затвора границите за српските државјани, објави Н1.

Како што изјави министерот за туризам на Србија, Расим Љајиќ, оваа одлука е донесена поради влошената епидемиолошка состојба со корона вирусот во оваа земја.

Српските туристи кои веќе се наоѓаат во Грција ќе може да ги завршат своите аранжмани.