Loading Video...
Свет
25. May 2020 - 12:57

Грција од денеска ги отвара угостителските објекти и хотелите

Во Грција денеска се отвораат кафулињата, угостителските објекти и спортските центри на отворено. Масите, зависно од бројот и распоредот на столици, треба да имаат содветно растојание,а вработените, задолжително мора да носат маска. Ќе бидат отворени само надворешните делови и летните тераси, а се разгледува можноста кон средината на јуни да се отворат и внатрешните делови.

На кафулињата и угостителските објекти ќе им се ослободи и дополнителен простор за поставување маси. Од денеска Грците можат да патуваат на островите, а дозволена е и пловидба на јахтите. Следниот понеделник, планирано е отворање на хотелите што работат во текот на целата година.

Албанија пак од 1 јуни ги отвора границите за сите соседни земји, но и хотелските плажи. Додека плажите на целото крајбрежје ќе може да се користат после 10 јуни.

Американскиот претседател Доналд Трамп го забрани влезот на странците кои доаѓаат од Бразил, земја втора во светот по САД по број на потврдени случаи на коронавирус. Трамп претходно им забрани на патниците од Кина, Европа, Британија и Ирска, а во помала мерка од Иран, да влезат во САД. Тој не презеде чекори за забрана за патување од Русија, која со над 340 илјади, е трета по заразени со вирусот во светот.

Бразил, е моментално најтешко погодената земја од Латинска Америка, и над досега се регистрирани над 22.000 мртви.

Премиерката на Нов Зеланд, Jacинда Ардерн, преку видео врска беше гостинка во живо на телевизија кога земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди земјата.

Епицентарот на земјотресот бил 90 километри северно од главниот град Велингтон.