Бизнис
10. March 2016 - 11:12

Грција очекува уште една рекордна година во туристичкиот сектор

Туризмот во Грција се движи кон уште една рекордна година, со оглед на тоа дека туроператорите очекуваат посета од 27,5 милиони туристи, како и 15 милијарди евра во државната каса, пишува весникот „Имерисија“.

Асоцијацијата на грчките туристички агенции смета дека доколку оваа прогноза се потврди, тоа ќе биде четврта година по ред на раст во секторот.

Рекордната бројка од 27,5 милиони туристи ги вклучува исто и туристите, кои пристигнуваат со крузери.

Грција минатата година беше посетена од 23,5 милиони туристи, а приходите изнесуваа 1,2 милијарди евра.

Очекуваниот раст на странски туристи не се однесува за целата земја, со оглед на тоа што некои туристички дестинации се погодени од приливот на бегалци, изјави претседателот на Асоцијацијата на грчките туристички агенции, Андреас Андреадис.