Грција очекува кинески инвестиции во висина од 40 милијарди долари
Грција очекува новиот кинески проект, „Патот на свилата“, да ја зајакне нејзината позиција на економски план, да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долати и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари.
- Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари, кои Кина ќе ги инвестира во следните три години, изјави на заменик-министерот за економија на Грција Стергиос Пициорлас, кометирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.
За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот меѓу конзорциумот „Копелузос“ и „Шенхуа Груп“ во вредност од три милијарди евра во областа на еколошката енергија и меѓу „Фортнет“ и „ЗТЕ“ за изградба на мрежи од оптички калби во Грција во вредност од 500 милиони евра.
Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители