Балкан
22. March 2017 - 19:25

Грција очекува договорот со кредиторите да биде постигнат до крајот на април

Грција се надева дека ќе склучи договор со меѓународните кредитори до крајот на април и работи на надминување на несогласувањата за трудовара, пензиските и енергетските реформи. објави грчкиот весник „Катимерини“.

- Нашата цел е да постигнеме целосен договор што е можно побрзо. ако е можно и во месец април, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос.

Тројца грчки министри, меѓу кои и министерот за финансии Евклидис Цакалотос неделава се во Брисел со цел да постигнат договор со кредиторите за реформите, од кои зависи следната транша.