Балкан
29. May 2020 - 18:15

Грција нуди евтини пијалаци и билети за туристите

Откако грчката Влада објави дека туристичката сезона во земјата официјално се отвора на 15 јуни, Грција објави дека ќе им понуди на туристите поповолни билети за авионски летови, билети за траекти и за автобуси.

Исто така, премиерот Кирјакос Мицотакис истакна дека цените на пијалаците, на кафето, па дури и билетите на кино на отворено ќе бидат пониски во однос на минатата година.

– Сезоната ќе започне на 15 јуни и тогаш ќе можат да се отворат хотелите. И од 1 јули, директните меѓународни летови постепено ќе почнат да патуваат кон нашите туристички дестинации – истакна Мицотакис.