Балкан
26. July 2018 - 11:13

Грција низ слики по трагедијата: Рајот претворен во смрт, чад и пекол

Во стравичниот пожар во Атина загинаа најмалку80 лица. За исчезнате се трага, а се стравува дека бројот на жртвите може да биде многу поголем. 
 
Премиерот на Грција Алексис Ципрас прогласи тридневна жалост. 
 
Се организираат бројни акции за потрага по исчезнатите, а помош пристигна од бројни европски земји. 
 
Првиот пожар се појави уште во четвртокот, но поради ветерот се прошири на туристичките места Мати, Рафина, Неос Вуцас и Пентели.