Балкан
29. October 2018 - 10:22

Грција на нозе поради момчето кое го убија албанските полицајци: Веднаш ќе ги преземеме неопходните чекори, не дозволи да се симне грчкото знаме

Грчките власти ги презедоа сите потребни чекори за да се утврди што точно се случило кога станува збор за смртта на грчкиот државјанин во Албанија, изјави денеска портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

Тој објасни дека грчките власти се во контакт со албанските власти и истакна дека никој не треба прерано да извлекува заклучоци, пренесува АМА.

Ѕанакопулос исто така, ја повика Албанија на смиреност и избегнување на агресивност во момент кога млад човек го загубил животот, наведува грчката агенција.

Албанската полиција вчера го уби Гркот кој пукал откако полицајци го симнале знамето од гробиштата од Втората светска војка во селото Буларат, недалеку од границата со Грција, што предизвика остра реакција од Атина.

Албнските медиуми објавија дека е убиен Константинос Кацифис (35), кој пукал од калашников брз албанските полицајци кои го симнувале знамето.

Инцидентот се одиграл во албанското село Буларат, во кој во мнозинство живеат Грци кои ја одбележувале годишнината од влегувањето на Грција во Втората светска војна, на 28 октомври 1940 година, пренесува Катимерини.

Албанската полиција тврди дека Кацифас пукал на нив и дека тие го возвратиле огнот и го убиле.

Грчкото МНР синоќа истакна дека е „непрфатливо што операцијата резултирала со загуба на човечки живот“.

„Чекаме од албанските власти целосно објаснување на условите под кои грчкиот граѓанин го загуби животот и веднаш ќе ги преземеме неопходните чекори“, се наведува во соопштението на грчкото министерство.

Албанското МНР се огласи со соопштение во кое „жали поради неоправданата политизација“ на овој случај.

Во соопштението се наведува дека албанската полиција „детално објаснила“ дека во прашање бил „потполно изолиран случај“, како и „флагрантен чин“ на агресија кон албанската полиција.