Балкан
29. March 2021 - 9:03

Грција може да ги отвори границите за туристи пред 14 мај

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис објави дека границите на оваа медитеранска земја можат да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како „Ден Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во земјата.

– Доколку биде сè во ред со коронавирусот, Грција ќе може да прими туристи уште порано. Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емирати. – рече Теохарис, а пренесе „Прототема“.

Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за коронавирус.

– Кога патниците ќе пристигнат, тие ќе бидат подложни на примерок за проверка на аеродромот со употреба на иновативен систем. Исто така, ќе користиме и брзи тестови. Дополнително, ќе располагаме и со хотели наменети за изолација – најави Теохарис.