Грција ја осуди позицијата на претседателот на Европскиот совет за мигрантите
Грчките власти соопштија дека отфрлањето на квотите за мигранти од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е „ненавремено" и нема шанси да биде прифатено на самитот на ЕУ оваа недела.
- Доналд Туск направи ненавремена и непотребна изјава по прашањето за бегалците и не сметам дека неговиот предлог има шанса да биде прифатен, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.
- Нема да прифатиме ниту една реченица од финалната декларација (на самитот на ЕУ оваа недела), која не се однесува на рамномерно распоредување „на мигранти кои пристигнуваат во Европа, додаде Ципрас.
Во писмо до 28-те земји-членки на ЕУ, Туск вели дека дебатата околу задолжителните квоти за прераспределување на мигранти „се покажала многу конфликтна". Според него, прашањето за задолжителните квоти се покажало како „неефективно".
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората